Од 1-ви јануари се зголемува минималната плата, од 9.590 на 10.080 денари. За ова во вестите на ТВ Сител говореше премиерот Никола Груевски.
Како што ветивме, така исполнуваме. Од 1 јануари се зголемува минималата плата. Ова е ветување кое го дадовме пред граѓаните. Ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности како што е ветено, освен во текстилната и кожарската индустрија каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, одноносно речиси за 1.000 денари, посочи премиерот.
Како што наведе се планира во 2018-тата година минималната плата и во кожарската и текстилната индустрија да се изедначи со минималната плата во другите индустрии.