
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со генералниот секретар Христијан Мицковски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Александар Николоски и Влатко Ѓорчев, остварија во петокот средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан.
На средбата соговорниците се осврнале на актуелните политички теми и стратешките приоритети на државата.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ била истакната загриженоста случаите на самоволие и отворено прекршување на законите од актуелната Влада во поглед на именувањата, и работењето на конкретни институции на владата. На средбата беа посочени случаи на притисоци зад кој стојат политички мотиви врз администрацијата, како и дискриминација по повеќе основи, информираат од партијата.
Беше истакната и загриженоста за актуелната економска ситуација и негативните трендови во однос на макроекономската состојба која може да доведе до рецесија и слабеење на економскиот стандард на граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската унија и НАТО