![kelam](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/kelam.jpg?resize=640%2C374&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Брисел оствари средба со естонскиот европратеник Туне Келам. Келам е неформален известител за Македонија во ЕП од сенка.
Груевски вчера и денеска претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средби со првиот човек на ЕПП, Жозеф Дол, Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП, претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер и со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.