Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со Астрид Торс, Висок комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Соговорниците дадоа позитивна оценка за досегашната соработка и истакнаа заложби за нејзино унапредување и во иднина во сферите од заеднички интерес, се вели во соопштениот од владината пи-ар служба.
Како што соопштуваат од владината прес служба, на средбата станало збор за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование, при што беше истакната заедничката посветеност за спроведување на мерките и активностите кои се содржани во неа.
-Премиерот Груевски ја запозна соговорничката со реформите кои се спроведуваат за унапредување на стандардите во повеќе општествени сфери и состојбите во насока на унапредување на довербата помеѓу етничките заедници, се вели во соопштението.
Торс ја истакнала посветеноста на ОБСЕ во остварувањето на соработка во областа на реформите и давањето придонес за напредокот на Република Македонија.
Соговорниците разговарале и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор на централно и на локално ниво и неговото значење за унапредување на општествените сфери.
На средбата се разговарало и за активностите за континуираното унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.