
Премиерот Никола Груевски денеска по повод католичкиот Божиќ испрати честитка до доктор Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.
„Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и взаемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божиќ се слави раѓањето, како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж. Овој празник е уште една можност да се потсетиме на вредностите на богоугодниот пат, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, да владее мир и хармонија, да владее соработка и почитување, да ги негуваме семејните и традиционални вредности, да шириме радост, љубов и добрини. Таа верба нека не води и понатаму во нашиот личен живот, но и во нашата општествена улога да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани“, пишува премиерот Груевски во честитката.