Груевски: Почнува со работа ПЕТ центарот во Скопје, капитален проект во македонското здравство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес почнува со работа со пациенти уште еден објект од огромно значење за македонското здравство. Се заокружува ПЕТ Центарот во Скопје кој што преставува капитален проект во македонското здравство, пишува Груевски.

-Пред само една недела се потпиша договор за градба на нов клинички центар во Скопје која ќе следи и за која се обезбедени средства, а денес имаме завршен проект, односно почнува со работа со пациенти, се заокружува ПЕТ Центарот во Скопје кој што преставува капитален проект во македонското здравство.

Станува збор за најсовремен, најсложен и единствен објект од ваков тип не само во Македонија туку и во поширокиот регион.

Секоја фаза од развивање на ПЕТ Центарот беше одобрена и сертифицирана од Меѓународната агенција за атомска енергија. Најсовремената дијагностика во ПЕТ Центарот ќе овозможи прецизна дијагноза, како и прецизно следење дали е ефикасна терапијата кај пациентите со малигни заболувања. Ваквата инвестиција ќе спаси многу човечки животи.

Објектот каде се простира Центарот опфаќа вкупна површина од 2500 м2. Вкупната инвестиција е околу 16 милиони евра.

Се располага со опрема за производството на радио фармацефтици и посебен дел со циклотрон во кои за прв пат во Македонија ќе се произведуваат радио изотопи. Се располага и со оддел за дијагностика во кој е предвидено приемното одделение за пациенти, приемна амбуланта, простор за апликација на радио фармацефтикот, кој е со специфична форма и има строго дефинирана заштита.

Стручниот кадар кој е ангажиран во установата има завршено обука во Универзитетската клиника Св. Орсола при Универзитетот во Болоња. Со изградбата на овој напреден ПЕТ Центар Македонија влегува во нова, понапредна фаза, во медицината. Ова е проект кој беше предвиден во нашата програма и претставува уште едно реализирано ветување. Овој центар останува на Република Македонија и ќе значи ниво погоре во медицинската заштита за пациентите. Центарот ја става земјава на повисоко ниво на светската здравствена мапа и го подига нивото за давање на здравствени услуги и најсовремена дијагностика, како и врвна научно-истражувачка работа, пишува Груевски на Фејсбук.