Премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Владата на Република Естонија, Тави Роивас.
Двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна поддршка. Двете страни констатираа дека е потребно значително искористување на потенцијалот за економска соработка, динамизирање на трговската размена и соработка на полето на инвестициите.
Премиерот Груевски по средбата изјави дека Република Естонија е земја пријател која ги поддржува стратешките интереси поврзани со европските и евроатлантските интеграции на нашата земја, и земја која е подготвена да дава поддршка во сферите каде што тоа може да го прави.
Отворивме повеќе теми, а една од нив беше темата за стратешките интереси на Република Македонија поврзани со нашите напори за членство во НАТО и ЕУ. Естонија е членка во овие два сојуза, и како таква е секогаш значајно да ги чуе нашите ставови за повеќето работи, за реформите кои ги правиме и предизвиците со кои се соочуваме, со цел да биде повеќе информирана и да помогне во процесот на лобирање, изјави премиерот Груевски.
На средбата беше разговарано и за проблемот со мигрантската криза, тековните предизвици со кои што се соочуваат нашата земја и државите од Европа во врска со ова прашање, и можните решенија за надминување на предизвиците.
Груевски на маргините на самитот оствари средби со повеќе шефови на влади
Самитот на државите…