Груевски оствари повеќе политички и бизнис средби во Кина

Самитот на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина преставува значајна можност за остварување на контакти и средби со шефовите на влади и делегациите на 16-те европски држави присутни на Самитот.

Освен настапот на Самитот, премиерот Груевски оствари и средби, разговори и неформални контакти со повеќето шефови на влади присутни на Самитот, меѓу кои со премиерот на Република Словенија, Миро Церар, премиерот на Чешката Република, Бохуслав Соботка, претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, премиерот на Република Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Република Албанија, Еди Рама, и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

samit-gruevski-5

Имав можност да разговараме со повеќето премиери присутни на Самитот на различни теми, од една страна поврзани со европските интеграции, од друга страна прашања поврзани со мигрантската криза во Европа, но и за нашите билатерални релации и перспективи со овие држави, изјави Груевски.

Претставени можностите за инвестирање во Македонија

Македонскиот премиер…