Премиерот Груевски на Нетанјаху му ја пренесе пораката дека нашата држава се грижи за еврејското наследство, култура и традиција. Отворен е Меморијален центар на Холокаустот во Скопје, се основаше Фонд на Холокаустот на Евреите во Република Македонија, се овозможи реституција на имотите на депортираните Евреи без правни наследници, мерки кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави.
Груевски го покани Нетанјаху да ја посети Македонија, како симбол на пријателството меѓу двете земји. Освен со израелскиот премиер, согласно традицијата, Груевски оствари средба и со лидерот на израелската опозиција, Исак Херцог.
Како помина посетата на Заев на Израел?
Лидерот на СДСМ го посети Изрел во втората недела на октомври, посета која многумина ја оценија како дипломатски гаф, бидејќи официјален Ерусалим мораше да праќа деманти по несмасните изјави на Заев за тоа за што се разговарало на средбите. Заев имаше средба со претседателот Руевен Ривлин, а потоа и со заменик-премиерот и министер за внатрешни Силван Шалом. По средбата со Шалом, Заев тврдеше дека разговарале за донацијата за македонската полиција за која обвинуваше со „бомбите“, но и дека се сретнал со безбедносните служби на Израел.
Со потпретседателот на Владата и со дел од службите коишто работат во владините институции разговаравме за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и за она што ја допираше државата Израел – рече Заев на 13 октомври.
По оваа изјава на Заев стигна и демантот од Израел кој го достави амбасадорот Дан Орјан.
Средбата со Зоран Заев беше куса и куртоазна. Се разговараше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања – стои во демантот.