Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе оствари посета на реканско – дебарскиот крај.
Груевски во рамки на најавената посета на реканско – дебарскиот крај ќе оствари средби со граѓани во повеќе населени места и ќе направи обиколка на местата каде во моментов се реализираат проекти.
Според најавите, Груевски ќе присуствува на отпочнување на градежните активности за реконструкција на патот А4, Ново Село-Маврово (наспроти поштата во Маврови Анови), ќе оствари посета и средба со граѓани во населените места Жировница, Ростуше, Скудриње, Долно Косоврасти, Новак, Центар Жупа и во Дебар.
Исто така, се планира премиерот да изврши увид во градежните работи на локален пат – спој со регионален пат П1202, населено место Скудриње, да ја посети фабриката Еуро Едил Холдинг во Скудриње, а исто така се планира да оствари посета и на реконструираниот Мелнички мост, општина Дебар.
Во понеделникот Груевски ги посети Берово, Виница и Кочани
За денес најавено е дека премиерот Никола Груевски ќе оствари посета на реканско – дебарскиот крај, а исто така по работниот викенд и оваа работна недела премиерот ја започна со турбо агенда. Во понеделникот тој оствари посета на општините Кочани, Виница и Берово.
Премиерот во рамки на посетата посети повеќе училишта, a присуствуваше и на отворањето и поставувањето камен-темелник на повеќе проекти.
Во општина Кочани, Груевски го посети реконструираното средно општинско училиште „Љупчо Сантов“.
Во општина Виница ја посети на компанијата „Макпрогрес-Винчини“ и присустваше на пуштање во употреба на двојно тениско игралиште, како и на пуштање во употреба на пешачка патека околу Беровско Езеро;
Во општина Берово, Груевски присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“, а оствари посета на реконструираното основно училиште ,,Никола Петров – Русински“, населено место Русиново, општина Берово.