![62](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/62.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва пред штипјани нагласи дека бара поддршка за 62 пратеника во Парламентот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за да одговорат силно и енергично на сите уцени што им ги испорачувало радикалното крило на ДУИ.
„62 пратеника ни се потребни за да им одговориме на нивното барање за промена на Уставот на Македонија и одземање на правото на граѓаните на Македонија самите да избираат претседател на државата. Тоа право да сме му го дале на ДУИ и раководството на ДУИ да го избирал претседателот на Македонија. Дали ни е потребно тоа? Дали го поддржуваме тоа? Затоа ни се потребни 62 места во Парламентот, рече Груевски.