Груевски: Повикот на Јанева обвинителите да не дадат заклетва е кршење на закон

Груевски: Повикот на Јанева обвинителите да не дадат заклетва е кршење на закон
Груевски: Повикот на Јанева обвинителите да не дадат заклетва е кршење на закон

Мене ми е жал што уште на почеток специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се судри со фелата, колегите јавни обвинители, вели премиерот Никола Груевски.

-Тие реагираат на некои работи како, бројноста на тимот, надоместоците, и реагираат оние кои работат во обвинителството за организиран криминал каде има многу тешки случаи, убиства, за дрога, членови на ИСИС. Нивниот буџет е 10 пати помал од буџетот на Јанева. Јас го гледам револтот. Нивниот буџет е 400.000 за цела година.  Јас не би сакал да заземам страна, оти ова е чувствително прашање, подвлече Груевски за време на гостувањето на Канал 5.

Премиерот сепак посочи две работи кои се загрижувачки.

-Една е што Јанева ги повика обвинителите кои се избрани да не дадат заклетва. Тоа загрижува оти тоа е законска процедура и законска обврска и кога прв човек ќе повика свои соработници да не го почитуваат законот бидејќи сите очекуваме дека таа најмногу ќе ги почитува законите. Со тоа се поставува прашањето дали станува збор за личност која самата нема да ги почитува законите, подвлече Груевски.

Втора е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со 7 обвинители, а следниот ден комплетно ја промени одлуката за да и бидат избрани сите 14.

-Дали тоа значи дека некој дејствувал на нејзиното мислење и дали таа независно ги носи одлуките. Нова е нема искуство ќе го примиме ова како почетнички грешки и ќе следиме нејзината работа, додаде тој.

Премиерот подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение очекува Јанева да започне со работа оти немаат направено незаконски дела и сакаат тоа да се потврди што побрзо, додаде и дека е во нивен интерес што поскоро да започне со работа.

-Ние нема да бидеме пречка како Влада или партија во однос на нејзиното непречено работење и ќе излеземе во пресрет на сите барања, заклучи Груевски.