Груевски: Предвременото раздолжување кон ММФ показател за економската состојба на Македонија

Ова не е прв пат Република Македонија предвреме да се раздолжи. И во 2007 и во 2008 година направивме сериозен исчекор и Македонија предвреме се раздолжи, нагласи премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на директорката на ММФ Кристин Лагард која вчера го поздрави предвременото раздолжување на Македонија кон ММФ.

Груесвки напомена дека со предвременото раздолжување долгот на државата е сведен на 34, 9 отсто од БДП, што како што рече, претставува еден од најниските долгови во Европа.

Напомена дека долгот којшто Република Македонија предвреме го отплати изнесувал 174 милиони долари.

Исто така, информира дека денеска Министерството за финансии дополнително се раздолжи и кон приватните банки, кои што се дополнителни пари кои што банките ќе треба да ги стават на располагање.

-Тоа најдобро говори дали Македонија има стабилна економија. Кога враќаме долгови, а не земаме нови заеми, тоа е најдобар одговор на се!