![gruevski-forum](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/gruevski-forum.jpg?resize=645%2C360&ssl=1)
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе биде во посета на гевгелиско-демиркапискиот регион.
Агендата на настани е следна:
12:50 часот – остварување увид во градежните активности на автопатската делница Демир Капија – Смоквица (мост бр.1 пред тунелите);
13:35 часот – присуство на пуштање во употреба на фабрика за текстил – Дока текстил, во село Миравци, општина Гевгелија;
14:20 часот – остварување увид во градежните активности за изградба на спортска сала во село Миравци и
14:40 часот – посета на реконструираниот објект на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“, општина Гевгелија.