Всушност причината за спроведената операција за промена на владата, е токму тоа, отпорот на ВМРО-ДПМНЕ кон налетите за промена на името и идентитот по терк на јужниот сосед, а со цел остранување на пречката за побрзо заокружување на геостратешкиот план за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, што како цели и намера, беа и сеуште се и цели и намера и на ВМРО-ДПМНЕ, но ние сакавме тоа да биде со фер компромис и решение за името, а не со диктат. Затоа се направи преврт и се донесе СДСМ која има ветено дека по секоја цена ќе го реши ова прашање, изјави Никола Груевски на Конгресот во Валандово.
„Пред некој ден во разговор со повеќемина, поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски шеговито направи една компарација и илустрација, при што потсети дека низ годините научил да ги дешифрира пораките на министрите за надворешни работи, па вели кога сегашниот МНР на Македонија на прес конференција со колегата од Грција вели ,,се надевам дека ќе ја препознаете новата можност,, тоа може сликовито да се илустрира со еден пример од типот, како кога студент во студенски дом влегува во собата на своја колешка која е комплетно соблчена и подготвено го очекува, и му вели: се надевам дека ќе ја препознаете новата можност. Тоа е отприлика моменталната понуда на Република Македонија. Но за жал колку и овој шеговит пример да засмејува, станува збор за крупен национален интерес и на тоа мора да се гледа сериозно“, рече Груевски.
По сите успеси кои направивме, по сите победи и резултати, ВМРО-ДПМНЕ кое цврсто застана во заштита на националните и државни интереси неминовно беше да биде под напад за да се ослабне и сруши од власт.
„Се започна силна негативна кампања против мене со цел да ме прикажат како корупмпиран монструм, но тоа само времено фрла сенка на позитивните резултати од моето владеење. Се фрли многу прашина, за да се заматат делата и чесниот пристап кон работа и народот, но кога прашината ќе легне, делата ќе останат, и кога негативната кампања ќе застане, ќе останат 173-те илјади новоотворени работни места, зголемените пензии, субвенции, изградената инфраструктура, проектот Скопје 2014-та и многу други работи“, рече Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилниот бренд во Македонија. Не постои посилен бренд. Тоа е резулат на многу работа и многу успеси, а успехот е резултат на големброј исправно донесени одлуки, истакна Никола Груевски на денешниот 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се избира нов претседател на партијата, по неговата оставка.
„Тој бренд, тој политички капитал, најпрвин во него инвестирале и го создавале со својат крв и живот илјадници наши предци низ историјата, од доктор Христо Татарчев, Даме и Гоце, преку Сарафов, ПереТошев, Петар Поп Арсов, Сандански, Русински, Сугарев, Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Пандо Кљашев, Атанас Лозанчев, Христо Узунов, Христо Матов, Ефтим Чучков, Чернопеев, Ѓорче Петров, преку Тодор Александров, Петар Чаулев, Протогеров, Панчо Михајлов Чавдар, Мише Развигоров, Влахов, Димо Хаџи Димов, Павел Шатев, и илјадниците други соборци, не само во оние 41 година славна историја, туку и подоцна нивните следбеници на идејата и борци за независна Македонија, особено во времето на комунистичкиот режим како Ченто, и повторно Шатев, Панко Брашнаров, Драган Богдановски, Ѓорѓи Доцев кој денеска е тука меѓу нас, Шишков и огромен број други репресирани и убивани, па потоа оснивачите и раководствата на современата наша партијата во време од 13 години кога ја водеше Љубчо Георгиевски, а во чии дел учествував и јас, како и раководствата на партијата во време од 14 и пол години кога јас ја водев партијата, тој мега бренд, денес ќе го предадам во рацете на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски.
Под тој бренд во последното дванеасет и пол годишно владеење на локално ниво и 11-годишното владеење на државно ниво, продолжи Груевски, се направија крупни промени и подобрувања, реформи и решавања на проблеми на народот, се отворија 173 илјади нови работни места, се намали невработеноста од околу 38 осто на околу 22 осто, се донесоа крупни инвеститори и мултинационални компании кои и во наредните 4-5 години ќе имаат клучно влијание во намалувањето на невработеноста затоа што имаат петгодишни развојни планови и договори за продажба, заради кои секоја година ќе бараат нови работници и инжинери.
Според Груевски, комплетно се смени и силно се зајакна инвестициската клима и услови за правење бизнис во Македонија.
„Македонија во повеќе години беше прогласувана во групата на ТОП реформатори од страна на светската банка, која од 94-та позиција, по 11 години напорна работа не вброи во првите 10 земји во светот и првите 5 земји во Европа, според добрите услови за правење бизнис, станавме држава со најниски даноци на светот и најниска ефективна даночна стапка, извозот се удвои, туризмот се удвои, и се достигна највисоката стапка на раст во историјата на Македонија, а тоа е 6,1 осто раст во 2007-та, се изградија и реконструираа стотици километри автопатишта, експресни, регионални и локални патишта, улици и булевари, водоводи и канализациски мрежи- како никогаш претходно во историјата на Македонија, се изградија аеродроми, железници, гасоводи, хидроцентрали, стотици училишта, факултети и универзитети, градинки, болници, амбуланти, објекти на државната управа“, потенцираше.
Под овој бренд, додаде Груевски, се изработи визната либерализација за граѓаните на Македонија, се добија седум последователни извештаи на ЕК со препорака до ЕС за почнување на преговорите, се исполнија сите услови за влез во НАТО уште во 2008-та, се реши прашањето за демаркација со Косово.
„Се направија крупни реформи во образованието, се отворија многу нови универзитети и факултети, се воведоа бесплатни учебници за сите ученици, се набавија компјутери за сите ученици, се модернизираа наставните програми со Кембриџ учебниците, се овозможи студирање во странство со целосна државна помош на сите кои се запишуваа на најнапредните 100 или 200 универзитетио светот, се спроведоа крупни реформи во здравството, од воведувањето на ДРГ до Мој термин, во 10 наврати се намалија цените на лековите, и се направија крупни заштеди на средства со групните набавки и паралелниот увоз, се даде најголемата финасиска подршка на земјоделците во историјата на овој народ, и на илјадници семејства им се овозможи да добијат по симболична цена земја за земјоделски работи, се легализираа дивите градби, за симболични износи се откупија дворовите, се овозможија ниски давачки за увоз на автомобили, се изградија капитални објекти во културата- театри, музеи, филхармонија, библиотеки, археоплогија, десетици нови можности од областа на социјалната заштита и работните односи, се зголемуваа и во најкризни години плати, пензии, социјални помошти, субвенции, растеше стандардот на населението“, додаде поранешниот премиер.
Под овој бренд, потенцираше Груевски, се создаде, а потоа се направи и најдобар централен регистер во Европа и еден од надобрите катастри, се направија крупни исчекори и реформи во админситарцијата, судството, медиумската свера, зајакнување на демократијата, човековите права, изборните закони…
„Под овој бренд се извојуваа многу битки за националните и државни интереси на Македонија, во прв ред за уставното име и идентитот, и заради тоа се претрпеа многу удари, клевети, навреди, местенки, а еве на крајот и тешки и сериозни политички прогони и хајки на стотици луѓе од партијата, апсења, фабрикувани истраги и обвиненија, монтирани судски процеси, непреспиени ноќи“, истакна Груевски.