Доколку се добие доволно време пред следните избори, приоритетите ќе бидат реформите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.
Додека СДСМ не објави дека списокот е целосно прочистен и додека се занимаваат и бараат изговор во тоа, затоа што списокот е одамна прочистен, ние, како што кажав, треба да се посветиме на исполнување на реформите, кои се приоритет во извештаите на ЕУ и, секако, исполнување на ветените работи кон граѓаните, истакна тој.
Информиран сум, додава Груевски, дека институциите на државата веќе во изминатите денови засилено работат на подготовка на различни акти, измени или нови закони, во насока на исполнување на итните реформски приоритети од повеќе области, тргнувајќи од безбедносната област, судската, антикорупциската, медиумската и други.