Груевски во општина Студеничани: Проблемите се решаваат на терен

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со жителите од повеќе населени места во општина Студеничани. И денес проблемите се решаваат на терен, слично како и при посетата на реканско – дебарскиот крај.

Груевски ги посети Моране, Студеничани и Долно Количани и директно на терен ги слушна проблемите на жителите.

Груевски во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија
Груевски во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија

Груевски во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија го посети населеното место Моране во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.

Проблемите се решаваат на терен

Премиерот повторно на терен преку лични средби со граѓаните имаше можност да се запознае со проболемите и предизвиците со кои што се соочува тамошното население. Тој на барање на граѓаните го задолжи градоначалникот Трајановски да ја продолжи линијата на Јавното сообраќајно претријатие до центарот на Моране, а Трајaновски се заложи во најкус можен рок тоа да се реши.

Покрај ова, граѓаните, како што јавува МИА, се интересирале и за водоводната мрежа за која Градот Скопје и помага на општината за проектната документација, а преку Министерството за транспорт и врски обезбедија и изградија околу 1,2 километри од водоводната мрежа.

Приклучоците се изведени надвор од асфалт, улицата е санирана, а општината треба да реализира дел од градежните работи по што ќе профункционира новата мрежа.

Во рамките на посетата исто така на барање на граѓаните, било договорено преку Министерството за транспорт и врски да се разгледа можноста да и се помогне на општина Студеничани да изгради пречистителна станица, како и да се разговара со ЕВН Македонија да се надминат проблемите со снабдување со електрична енергија.

Премиерот Груевски го посети и населеното место Студеничани при што освен средбите со граѓани, ја посети и општината и оствари средба со претседателот на Советот Кенан Имери кој го информираше за општинските проекти и средствата кои преку Владата и ИПА програмата  се ставени на располагање и се користат во делот на патната инфрструктура и изградба на комунална мрежа.

Претседателот на Советот се заблагодари за средствата обезбедени од Програмата на Владата за поддршка на руралниот развој што ги доби општина Студеничани, а со кои, како што рече, ќе се финасира изградбата на три важни патни правци за Моране и Студеничани и две стратешки значајни улици со кои значително ќе се подобри поврзувањето на општината. Нагласи дека градежните работи почнуваат во октомври годинава, пренесе МИА.

Премиерот го посети и населеното место Долно Количани. Во ова населено место му беше посочено дека од голема важност за граѓаните е патното поврзување на општината.

Градоначалникот Трајановски објасни дека најдоцна до октомври ќе продолжи фазната изградба и проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Стаклара до Пинтија со четири коловозни ленти, како и градежните работи на булеварот „Србија“. Овие булевари, како што појасни Трајановски, ги користат сите населени места во општина Студеничани.

Граѓаните исто така од премиерот лично побарале и подобрување на водоводот и зголемен дотур на вода што, како што истакнаа, во повеќе наврати им било ветувано од општина Студеничани.

Премиерот Груевски истакна дека иако тоа е прашање во надлежност на локалната самоуправа и нагласи дека градоначалникот Трајановски ќе оствари средба со градоначалникот на студеничани Азем Садики, кој во моментов е отсутен, за да ги разгледаат можните решенија на овој проблем.

Тој посочи дека  ќе се завземе да се направи се што е можно да се надмине овој проблем иако, како што рече, во моментов не може ништо да вети додека не навлезе во проблематиката. Премиерот ја посети и џамијата во селото Долно Количани.

Инаку, пред еден месец ова село со инвестиција на Град Скопје доби сопствено спортско игралиште за потребите на населението.

Груевски во посета на Љубош, Батници и Цветово

Груевски исто така, денес ги посети населените места Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.

Граѓаните, како што пренесува МИА изразиле благодарност за ангажманот на институциите при неодамнешната изградба на патот Скопје – Козјак и за патот до Маркова Река што го реализира Агенцијата за државни патишта.

Груевски во посета на Љубош, Батници и Цветово
Груевски во посета на Љубош, Батници и Цветово

Се заблагодарија и за инвестицијата на Град Скопје во вредност од 17 милиони денари за изградба на тротоари и улична мрежа во овие населени места, како и за изградбата на водовод во должина од 1,2 километри.

Жителите истакнаа дека би било добро да се изнајде решение и да се отвори подрачна единица, односно паралелки на училиштето во Љубош, а заменик министерот за образование Ристовски покани претставници од населеното место да дојдат во Министерството за образование и наука во вторник за да се скенира состојбата и да се изнајде решение, пренесува МИА.

На барање на граѓаните, градоначалникот Коце Трајановски ветил дека до 11-ти октомври ќе биде асфалтиран локалниот пат во должина од 200 метри.

Граѓаните на Цветово побарале да се санира патот до селото, на што премиерот Груевски нагласил дека очекува овие проблеми да бидат надминати.

Како што посочил, ќе се инвестира од Владината програма за рурален развој, а општина Студеничани, користејќи ги овие средства треба до ноември годинава или ако не дозволат временските прилики од напролет идната година да почне со санацијата на патот и на мостот.

Откако ќе заврши санацијата, додаде, Градот Скопје ќе организира јавен превоз до Цветово со поголеми возила и автобуси.