Груевски: Продолжуваме со реформите и покрај клеветите од опозицијата

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот во Валандово рече дека опозицијата кампањата за вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори ја продолжува со оцрнување на луѓето од власта.

„Смислиле црни сценарија, ќе ги оцрнуваме луѓето од власта, ќе ги правиме криминалци, ќе ги правиме вакви, ќе ги правиме онакви, ќе им монтираме случаи, ќе измислуваме случаи-тоа е најновата тактика. Ќе ја слушаме и таа тактика. Ќе ги слушаме и ќе ги истрпиме. Ќе се силат повторно, ќе викаат, ќе клеветат, ќе навредуваат, ќе лажат. Ние ќе се си ја тераме нашата работа, проектите, делата, реформите, нашето работење, нашата програма, тоа што ќе се случува во Македонија во наредните четири години“, рече Груевски.

На митингот во Валандово беа претставени носителот на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Четвртата изборна единица, Зоран Ставрески и кандидадите за пратеници

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.