Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска објави 4 мерки од областа на спортот.
-Кога сме кај спортската инфраструктура овие дваесетина години она што се памети се спортските објекти започнати и изградени во мандатите на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите преостанати години имавме една колективна стагнација и континуирано уназадување, распаѓање и ограбување и на онаа инфраструктура која од минатото постоела, бидејќи и онаа малку што постоеше беше запуштено и не се вложуваше, или се даваше под концесии на лица кои ретко кој од нив имаше спортски мотиви. Фактите говорат дека во последните десет години се инвестираа над 100 милиони евра во спортска инфраструктура. Во околу 300 спортски капацитети од различен карактер, како што се 94 те спортски сали на агенцијата за млади и спорт и министерството за образование кои до крајот на годинава ќе надминат 100 нови спортски сали, 50 те фудбалски игралишта за голем фудбал, 83те досега завршени спортски тениски терени, 64 те завршени повеќенаменски игралишта, 5 те големи спортски игралишта, вештачката карпа за аплинизам, 5те фитнес зони кои досега се изградени од планираните и неодамна најавени 20, дооформувањето и изградбата на спортската арена филип втори македонски, спортскиот центар Борис Трајковски со сите пропратни содржини,како и многу други нови проекти кои во моментов се градат според утврдената и ветена динамика, како на пример остатокот од планираните сали, мултифункционални и тениски игралишта, започнатиот базен во Охрид и повеќе други, но и оние кои допрва планираме да ги започнеме, како 150 те баскет игралишта, салата за професионална гимнастика, затворената сала за тенис, салите за боречки спортови, отворени базени итн. Згора на тоа ги повративме и обновивме училишните лиги во повеќе спортови и секое училиште се обврза со закон да формира повеќе училишни спортски клубови кои треба да се активни, рече Груевски.
Зад нас, додаде, се 10 години на интензивна градба во спортска инфраструктура како никогаш во историјата на земјата, и тој тренд ќе продолжи во следните 4 години, како во делот на рекреативен, така и во делот на професионален или врвен спорт.
-Значи основните предуслови на постоење на задоволителна инфраструктура се исполнети и тие во следните 4 години ќе продолжат да се надградуваат. Она што се чини недостасува и што обично низ повеќето држави го пополнуваат приватните компании е инвестирањето во клубовите, федерациите, и се што е врвен спорт и спортисти. Ние во овој дел инвестиравме во отворањето и развојот на спортската академија која одлично функционира како и во стипендии на 500 млади спортски таленти секоја година. Тука е и финансиската поддршка која преку посебна програма АМС ја даваше на федерациите, при што основна претпоставка беше дека тие ќе обезбедат и други средства од приватниот сектор, како и во поголемиот дел држави, подвлече тој и додаде дека сепак, се покажа оти приватниот сектор во Македонија не го следеше трендот на инвестирање во спортот како низ другите европски држави, па дури и држави од регионот.
-Од овие причини ние си зацртавме, од како веќе се изгради толку многу спортска инфраструктура, наша наредна голема активност да биде преку различни активности и мерки, давање поддршката и ветер во грб на спортистите и спортските федерации, што веруваме ќе донесе поголем успех. Спортските резултати ќе помогнат во градењето на успешни личности кои ќе бидат пример за многу млади кои ќе посакаат да спортуваат, ќе потикне помасовно занимавање со спортот и ползување на суштинските придобивки кои тој ги овозможува. Статистиката на Светската здравствена организација покажува дека спортот е основно средство за намалување на ризиците на цел еден спектар на здравствени заболувања кај човекот, придонесува за зајакнување на мускулите и на кардиоваскуларниот систем, подобрување на атлетските способности, губење или одржување на телесна тежина, го подигнува имунолошкиот систем и помага во превенција од срцева болести, дијабет и сл. Но исто така го подобрува менталното здравје, а помага во зголемување и одржување на нивото на самодоверба, социјализација, градење на карактер. Нам ни се потребни позабележителни резултати во спортот. Токму затоа се одлучивме за неколку системски решенија и проекти кои ќе значат огромна поддршка на спортот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
ПРВА МЕРКА- Зголемена поддршка од државата за спортските федерации и олимпискиот комитет
Зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии диспциплини се олимписки, како и зголемена поддршка на олимпискиот комитет, е првата од четирите мерки од областа на спортот, кои денеска ги објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-За таа намена приредувачите на игри на среќа во обложувалници, на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 3% од добивката, а приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, исто така на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 1.5% од добивката. Овие средства добиени од обложувалниците и автомат клубовите ќе одат за развој на спортот, односно за спортските федерации и МОК. Приматели ќе бидат само федерациите на олимписките спортови, и македонскиот олимпискиот комитет. Сумата која се очекува по овој основ да се добие е околу 1.5 милиони евра директно за оваа намена. Во моментот олимписки спортови од федерации кои постојат и се со решение дејност спорт од Агенција за млади и спорт, се вкупно 25. Правилата за употреба на овие средства би важеле и за сите средства кои федерациите ги добиваат од државата. За таа цел ќе се пристапи кон носење на законски измени кои ќе влезат во собраниска процедура по претходна јавна расправа, потенцираше Груевски и ги презентираше чекорите кои ќе се превземат за реализација на овој проект.
Покрај законските измени, ќе се утврди прецизен правилник за распределба на средствата, и правила за нивно трошење. Овие средства ќе одат на посебна сметка на федерациите и МОК. Планот е 65 осто од средствата да одат за колективни спортови, 35 осто за индивидуални спортови, но овој сооднос би го преразгледале низ јавната дебата. Првите две или првите 4 години средствата ќе се распределуваат линерално, а потоа делумно линеарно, но делумно скалесто во зависност на постигнатите успеси и резултати на различните федерации и МОК на меѓународен план, во согласност со утврдени критериуми за тоа.
Спортските федерации овие средствата може да ги користат за:
-Организација на натреварувањето во домашни лиги. Многу често поголемиот дел од федерациите се соочуваат со основни проблеми како што е плаќање на надоместок за ангажман на судии и делегати. Овие средства ќе бидат добредојдени.
-Може да се користат и за организација на репрезентативни натпреварувања, учество на меѓународни светски и европски првенства, олимпијада и слично. Овие средства може да се користат за подмирување на трошоци за пат, престој, бонуси за натпреварувачите и тренерите, опрема, трошоци за изнајмување стадиони.
-За финасирање на ,,врвни тренери“ за државни и приватни клубски спортски академии за млади таленти, но не повеќе од 20 осто од средствата. Дополнително ќе се порецизира кои критериуми треба да ги содржи и задоволува некој за да влезе во категорија ,,врвен тренер“. Со ова ќе се пренесе искуство на успешни професионалци од тренажниот процес на спортистите.
-За уплаќање на членарини и други редовни обврски кон меѓународните спортски федерации
-За плаќање на кирии за простории за работа на федерацијата, не повеќе од 10 осто од средствата, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на федерацијата, не повеќе од 20 осто од добиените пари. Доколку се купат простории за федерацијата со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека (освен хипотека кон банката за купување на самиот објект) и несмеат да се продадат најмалку 15 последователни години. Ова со цел спречување евентуални злоупотреби.
Средствата ќе може да се користат и за:
-Финасирање на врвни спортсти по посебен прецизен правилник поминат низ јавна дебата за колективните и за индивидуалните спортови, а притоа да се искористат не повеќе од 30 осто од средствата. Повторувам дека сите овие ограничувања и проценти ќе бидат преиспитани низ јавна расправа.
-Финасирање на надоместок на работата на членовите на извршното тело, во висина од неповеќе од една просечна месечна плата на ниво на државата, и неповеќе од 9 луѓе членови на извршниот орган, од оваа сметка. Ако сакаат да имаат повеќе членови или повисоки надокнади, средствата ќе треба да ги обезбедат од други извори. Односно доколку постои интерес и потреба за повисоки хонорари ќе се овозможи и тоа, но тогаш тоа треба да се надомести од редовната сметка на федерацијата.
-Ќе може да се користат и за финасирање на вработена администрација со полно работно време во федерацијата, неповеќе од три лица од овие средства и неповеќе од една просечна плата за лица кои имаат завршено средно образование, и две просечни плати за лица со високо образование и над 5 години работно искуство. Нема да биде дозволено вработените да се во роднинска врска со ниту еден член на извршното тело до второ колено по сите линии. Повторно ќе кажам, ако сакаат повеќе да ги платат тоа нема да се спречи, но ќе треба да е од други извори од редовната сметка.
-Со цел да се оневозможи непотизам и капитално здружување со цел нарушување на принципите на работа, членовите на извршното тело и секретарот ќе се оневозможи со закон да се во роднинска врска по сите линии до второ колено со претседателот на федерацијата, ниту пак нивни компании да се капитално, или управувачки поврзани. Членовите на извршното тело не треба да се вработени или членови на управувачки органи во компанија во која доминантна сопственост има претседателот на федерацијата.
-Претседателот и членовите на извршното тело на федерацијата, не би требало да имаат сопственички удели, или да се дел од оснивачките здруженија во спортските клубови за кои тие се надлежни, или лица капитално, роднински и управувачки поврзани со нив. На пример, непријатно е сопственик на клуб или негов брат да е истовремено претседател или член на извршното дело на федерцијата.
-Бидејќи станува збор за поголема сума на средства, ќе се воспостави механизам и правила за надзор на трошењето. Најмалку еднаш во три години сите федерации кои ќе добијат срества ќе имаат контрола на искористувањето на средствата на таа посебна сметка. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите доколку незаконски се користат средствата, додаде Груевски.
Истовремено, потенцираше тој, ќе се подигне и нивото на професионален кадар во извршните тела на федерациите. Во секое извршно тело на секоја федерација ќе се предвиди со закон да мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста што ќе помогне во квалитетот на располагање на средствата.
Со ваквата мерка, според Груевски, ќе се обезбедат повеќе средства за професионалниот спорт, за спортските федерации МОК, но и ќе се обезбеди ред и во нивното функционирање.
-На овој начин ќе се влијае на подобрување на перформанските што ќе придонесе и до развој на спортот во државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
ВТОРА МЕРКА- Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК
Втората мерка која денес ја објавувам се однесува на финансирањето на клубовите и спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК, изјави Груевски.
Со измена на закон ќе се овозможи и прецизира финасирање на спортски клуб, при што за делот на финасирањето средствата кај финансиерот би биле одбиени при плаќањето данок на добивка, а по утврдени правила.
-Секоја компанија која дава вакво финасирање за кое ќе добие ослободување од данокот на добивка, може да е максимум во висина од 20 осто од нивната годишна добивка, додека за делот меѓу 20 и 30 осто од добивката се ослободува 50 осто. Над 30 осто од добивката не би имало ослободување на данок од добивка. На пример, компанија која има добивка од 1 мил евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка.Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат, рече Груевски.
Позитивни исклучоци поради тоа што се поскапи спортови ќе има кај фудбалот, наместо 20 ќе биде овозможено 30 осто од добивката да финасира со 100 осто ослободување, и од 30 до 40 осто со 50 осто ослободување.
-Значи ако компанијата од 1 милион евра добивка инвестира во фудбалски клуб 300 илјади евра тогаш тој износ не го плаќа на државата како данок на добивка, а ако инвестира уште 100 илјади евра во клубот, тогаш ќе плати данок само 50 илјади евра. Втор позитивен исклучок е кошарка и ракометот каде до 25 осто од добивката ќе има 100 ослободување од данок на добивка, а од 25 до 35 %, 50 осто ослободување. Преку пример, ако компанија со 1 милион евра добивка инвестира во кошаркарски или ракомет клуб 250 илјади евра, за тој износ ќе и се намали данокот на добивка. А ако покрај 250те илјади евра инвестира уште 100 илјади евра тогаш за тие ќе плати 100 илјади евра ќе плати само 50 илјади евра данок на добивка, рече Груевски.
Ова, нагласи Груевски ќе значи директно одкажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, клубовите, федерациите и врвниот спорт. Со обзир дека државата средствата кои треба да и припаднат во буџетот ги става на располагање на спортските клубови, федерации и спортисти, таа е должна да внимава како ќе се трошат тие пари, да воспостави правила и надзор над нивното користење, со цел да спречи нивна можна злоупотреба.
-Па така со цел да се оневозможи правно изигрување на прописите ќе биде забрането клубот по било кој основ да ги врати парите во истата компанија или во компании кои се роднински, капитално или управувачки поврзани, вклучувајки и во трошоци за стоки и услуги, бидејки тоа би значело затајување данок или перење пари. Ќе биде забрането парите клубот по било кој основ да ги исплаќа на било кое одговорно лице во компанијата. Нема да е дозволено средствата добиени како спонзорство, а за чии износ кои спонзорот се ослободува од плаќање на данок на добивка, ќе се уплаќаат на посебна сметка и од нив не смее да се префрлаат парите на редовната или друга сметка на клубот или федерацијата, или пак да се исплаќаат обврски по договори од редовната сметка средствата може да се трошат за строго утврдени намени одредени со правилник кој го носи владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерствотот за правда и агенцијата за млади и спорт, и секако по претходна јавна расправа, рече Груевски.
Средствата добиени на овој начин ќе можеда се трошат за: плати, недоместоци и бонуси на спортистите и стручниот штаб, по утврден правилник на клубот и писмено пријавен во федерацијата, организација на патувања и престој на клубот во земјата и странство заради натпреварувања или подготовки, согласно законот за јавни набавки изнајмување или градба на сали или терени за натпреварување која треба да се спроведе по начелата на законот за јавни набавки. Плаќање на кирии за простории за работа на клубот, не повеќе од 10 осто од средствата годишно, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на клубот, не повеќе од 20 осто годишно од добиените пари со вакво ослободување од данок на добивка. Доколку се купат простории за клубот со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека и несмеат да се продадат најмалку 15 години, со цел спречување можни злоупотреби, патувања на поединци заради стручни семинари, конференци и усовршувања, согласно законот за јавни набавки, а по претходна изгласана и потпишана одлука на извршното тело, плаќање на котизации и членарини, набавка на опрема и реквизити која треба да се спроведе по законот за јавни набавки, плаќање на трошоци за комуналии на клубот, најмалку еднаш во три години секој клуб или федерација која примила ваква подршка, ќе биде подлежна на контрола и ревизија од државниот завод за ревизија, во делот на потрошените средства добиени по основ на данок на добивка.
Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во клубовите доколку незаконски се користат средствата.
-Истовремено се предвидува приматели на вакви донации да може да се спортски федерации или клубови од првата лига, кои задолжително мора да имаат и младинска школа, во спортови каде има натпреварување во организирана лига, освен за фудбал каде може да се опфати и втората лига, со оглед на тоа дека станува збор за популарен, скап и многу организиран спорт. За клубовите кои немаат организирана лига може да се признаат до 5 осто од добивката на една компанија, и тоа само за еден таков клуб во една календарска година. Во секое извршно тело на секој клуб приматели на вакви спонзорства, ќе мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста со цел да допринесат за поквалитетно користење на средствата, рече Груевски.
Исто така оваа мерка ќе опфати и подршка на поединечни врвни активни спортисти до 35 години старост, и со конкретни домашни и меѓународни резултати (на пример: самостоен тенисер, професионален боксер, пливач, итн), со што поддршката на индивидуални спортисти ќе биде до 6% за оние кои се занимаваат со олимписки спортови и до 3% за други видови на спортови.
-Можноста на ваков начин на финасирање важи до моментот во годината додека ги исполнува условите поврзани со постигнатите резултати. На пример ако до јуни има најдобар, или втор најдобар резултат на трки до 100 метри до тогаш тие што ќе го финасираат може да добијат ослободување од данок на добивка, потоа не. Ако од јули друг има најдобар резултат, тогаш тие кои ќе го финасираат тој друг, тие имаат право на финасирање со ослободување од данок на добивка. Овие одредби ќе се прецизираат со правилник и во соработка со федерациите. Средствата добиени по ваков основ кај клуб или спортист, не смее да се плаќаат кон спонзорот назад на било кој начин ниту кон него, ниту кон капитално, роднински или управувачки поврзани лица, или пак лица со управувачки позиции вработени кај него. Секој клуб и федерација на вакви средства се должни најдоцна до 15 ти март во наредната година да објават колку и од кого примиле сонзорства од ваков вид, и за кои намени колку потрошиле, потенцира Груевски.
Федерацијата е должна во истиот период да ги објави на својата веб страна ваквите извештаи на сите клубови и спортисти приматели на вакви помошти, а тие се должни најдоцна до 10 март во наредната година да ја известат федерацијата писмено за она што треба да се направи. АМС ќе треба да изработи теркови за објавите а да бидат стандрдизирани и унифицирани.
ТРЕТА МЕРКА- Директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига
Третата, од 4-те мерки од област на спортот, кои денеска ги објави Груевски, е директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја лига, во смисла на организирање лига.
-Постојат популарни спортови за кои Македонија има успешна традиција кои не се професионално организирани во соодветна спортска лига. Токму преку оваа мерка ќе се идзвојат до 700 илјади евра годишно за финансирање на таквата лига. Спортовите чии создавање на лиги ќе се финансира ќе бидат различни, а првиот спорт кој ќе го поддржиме да фомрира лига е боксот, истакна Груевски.
Станува збор, рече Груевски, за популарен олимписки спорт, кој иако кај нас е присутен нема задоволително ниво на организација односно лига, а имаме успешна трација на врвни и успешни боксери од минатото што значи има доволно стручен кадар.
-Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе озвоможи негово самостојно финансирање. За цел формирање на лигата ќе се организира квалификационен турнир од страна на Агенцијата за млади и спорт на сите клубови кои ќе се пријават, при што најдобрите 8 тима односно клубови ќе влезат во прва лига, а вторите 8 во втората лига, и оваа лига ќе започне да функционира од септември 2017-та година, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Надвор од државниот надомест наменет за секој боксер, доколку клубот обезбеди дополнителни спонзорства со новите можности за ослободување на данок на добивка може да им се даде и додатни средства на своите боксери и тренери.
-Во однос на директната поддршка која ќе се доделува боксерите во првата лига директно ќе се плаќаат од АМС од коло, и првичните замисли се во натпреварот клуб со клуб дома и во гости, секој поединечен боксер победник на секој меч да добие 350 евра, а поразениот 150 за првата лига, за нерешен резултат двата боксери ќе добиваат по 200 евра, и 30 осто помалку за втората лига, тренерот по 200 евра од меч, помошникот тренер 100 евра, плус за лекари, делегати, и судии при што и овие износи не се финални, и ќе бидат дел од јавната расправа. Победа на клубот носи 2 бода, пораз нула, нерешено по 1 бод. Еден викенд би имало коло во првата лига, а втор викенд во втората лига меѓу септември и мај, изјави Груевски.
Инаку, секој клуб ќе треба да обезбеди боксер во секоја категорија, и може да му фалат натпреварувачи максимум во три категории, во кои би му се сметал службен пораз.
-Втората лига би можела да биде поделена на втора лига исток и запад. Шампионите од двете лиги би блегувале во првата лига. За тие клубови кои се надвор од прва и втора лига би се организирал годишен турнир еден во источниот и еден во западниот дел на Македонија. Победниците би влегле во втора лига, а последните два од втора лига би испаднале и би чекале шанса за следната година преку турнирот да влезат во втора лига. Доколку федерацијата сама обезбеди средства ќе има можност и за формирање на трета лига. Клубот шампион ќе добие 20 илјади евра награда, вице шампионот 10 илјади евра награда. Секоја екипа во прва и втора лига на секој меч мора да има лекар, за него ќе се одвојуваат по 100 евра од меч, независно дали ќе победат или загубат натпреварувачите. Лекарот треба да присуствува и на самите тренинзи. Сите спортски клубови еднократно ќе добијат најнеопходна професионална опрема, ракавици, дрес, патики, маски за лице, и заштитници за заби, потенцираше Груевски.
Ќе се формира и македонска боксерска репрезентација која ќе има мечеви со репрезентации од други држави и ќе се бори за места на меѓународни првенства. За оваа цел, според Груевски, веќе се утврдени средства во планираниот буџет од Министерството за финансии за 2017-та.
-Втор спорт за кој има размислување да се поддржи формирање на лига е карате за жени и мажи и тоа со почеток од септември 2018-та, а во наредните години ќе продолжиме со поддршка на други спортови кои немаат свои лиги. Средствата добиени за оваа намена може да се трошат за строго утврдени намени и критериуми одредени со правилник кој ќе го носи Владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерствотот за правда и агенцијата за млади и спорт. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите доколку незаконски се користат средствата. Ќе се предвиди кривична одговорност и парична казна, како и суспензии, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на втората од четирите мерки од областа на спортот.
ЧЕТВРТА МЕРКА- Врвни тренери од странство во спортските академии во Македонија
Последната четврта мерка за денес е ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти. Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017та во соработка со спортската академија и федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје, рече Груевски.
Од 2018-та, нагласи тој ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови.
-Ова се дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за директна подршка на спортот и спортистите, клубовите, федерациите во Македонија, со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби. Како што кажав на почетокот во периодот што следи ќе бидеме отворени за сугестии и насоки од спортистите, федерациите, и спортските работници, и други професионални познавачи на спортот кои ќе придонесат за носење на квалитетни решенија за напредок во спортот. Цврсто сум убеден во потенцијлот на македонските спортисти, но и во желбата и мотивираноста за успех. Наша обврска е подеднакво да се грижиме за сите сфери што се интерес на македонскиот граѓанин, а спортот е многу повеќе од обична игра. Тој е втемелувач на карактерот на човекот, колективно задоволство а многу често и амбасадор на државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради и создава услови за развој. Граѓаните тоа го препознаваат,и знаат дека ние тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме, заклучи Груевски.