Систем за водоснабдување на Маркова река, почеток на градба на објектот на Министерството за финансии каде ќе бидат сместени 4 институции каде граѓаните ќе може да ги завршат побрзо и поефикасно своите потреби, две двојни тениски игралишта во Ангелци и Ново Село, нова детска градинка за децата во Моноспитово и почеток на градежни работи на регионалниот пат Мокрино-Смолари се проектите за кои вчера Груевски присуствуваше во струмичко.
Граѓаните задоволни од проектите со коментари дека Груевски не ја заборава Струмица и струмичко.
Во втората половина на агендата Груевски го пушти во употреба и тениското игралиште во Ангелци општина Василево, за што се инвестирани 12 милиони денари.
Во Босилово Груевски оствари посета и изврши надзор над реконструкцијата на домот за култура во Босилово, за што се инвестираат 5 милиони евра.
Во Моноспитово премиерот Груевски и министерот за труд и социјална политика ја пуштија во употреба новата детска градинка за што беа одвоени 5,5 милиони денари со капацитет за 40 деца.
Во Ново Село беше пуштено во употреба ново тениско игралиште.
Груевски во вечерните часови ја заврши посетата на струмичко означувајчи го почетокот на градежните работи на регионалниот патен правец Мокрино Смолари за што се инвестираат 1.6 милиони евра. Граѓаните задоволни велејќи дека значително ќе им се олесни комуникацијата и ќе има кратење на потребното време.
Прочитај повеќе:
На повидок нова инвестиција со 1.500 вработувања во струмичко