Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот најави дека од утре започнува темелна реконструкција на поликлиниката Букурешт, инвестиција вредна 24 милиони денари.
„Ќе биде целосна реконструкција бидејќи поликлиниката Букурешт, освен пред две-три години, кога се променија прозорците, и се интервенираше во санитарните јазли и тоалетите, надвор од тоа не е ништо инвестирано и реконструирано во оваа болница. “, потенцираше премиерот.
Груевски нагласи дека оваа реконструкција е доста значајна , бидејќи поликлиниката Букурешт прима најголем број пациенти годишно, само 1500 пациенти дневно.