Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во денешната посета на Прилеп, се осврна и на работата на градоначалникот Марјан Ристески, тој вели дека според него граѓаните се презадоволни од неговата работа и истакна дека во Прилеп се отворени 10.000 нови работни места, а ризик е што новата влада странските инвеститори ги гледа како натрапници.
„Во времето додека тој е градоначалник има завршено над 1.000 проекти, само во овие четири години има изградено 200 километри канализациона мрежа и водоводи, околу 50 километри пат. Има изградено три училишта, четвртото сега со гради, има изгадено, нешто со помош на владата, нешто сам, четири спортски сали и уште поголем број на други работи, кои се важни за инфраструктурата на градот, за поквалитетно живеење на граѓаните на Прилеп и мислам дека е неспоредлив на било кој пред него и има уште многу работи да ги завшри, кој што се во неговите планови, изјави Груевски.
Напомена дека водоводите, канализационите, патиштата се навистина важни, но според Груевски најважно од се е што градоначалникот посвети големо внимание на отворање на нови работни места, на созадавање услови да се отворат нови работни места, а тоа се индустриската зона Прилеп 1, каде веќе има изградени пет нови фабрики, четири се во тек на градба, додека десетина се подготвуваат во наредните месеци да почнат со градба.
„Слушнав дека веќе се во продажба и локациите во Прилеп 2, а се планираат уште три зони. Знаеме сите дека се градат или се изградени изградени три фабрики во технолошко-индустриската развојна зона, каде вкупно ќе се вработат 3.250 луѓе. Тоа е најважниот дел, на луѓето. пред се, им треба работа“, рече Груевски.
„Отворањето на зоната 1 ќе овозможи вкупно 1.500 работни места откако целата ќе биде изградена. Сега во моментов има околу 400 нови работни места. Паралелно во Прилеп функционира и се гради и Технолошко-индустриската развојна зона во која инвестираше претходната Влада, во која веќе постојат две фабрики, „Гентерм“ и „Агропласт“, а во градба е и фабриката „Вик“ за која голема заслуга имаше Бил Павлески. Овие фабрики ќе вработат околу 3.250 луѓе. Без нивните планирани проширувања кои се за во иднина. Очигледно е дека градоначалникот и општината имаат многу вложено во отворање на нови работни места. Во овие зони вложено е во изградба на улици, канализациони мрежи, водоводни мрежи и сето она што е потребно за нормално да функционира таа зона и мене ми беше задоволство да присуствувам во една таква зона. Прилеп може да се пофали дека е еден од најнапредните во изградбата на сопствени, локални индустриски зони со кои се отвораат нови работни места“, истакна Груевски.
Груевски во Прилеп се сретна и со еден од сопствениците на фабрика во оваа зона кој му рекол дека е задоволен, дека кај него расте бројот на вработени и дека произеденото тука го извезува во Европа. Прилепчани треба да знаат, рече Груевски, дека освен што се отворени нови работни места, тоа ќе се случува и во иднина.
„Единствено што тука загрижува и е ризик е новата политика на Владата која на странските инвеститори гледа како натрапници, гледа како на некои кои многу земале или сакаат да бидат нееднакви во однос на домашните. Домашните се многу важни, ние секогаш сме ги поддржувале, но мора да се привлекуваат и странски. Затоа што странските не само што отвораат нови работни места туку им помагаат и им даваат работа на домашните. Сегашниот однос на Владата е голем ризик во однос на доаѓање на идни инвестиции. Но, со ова што е досега изградено и во локалните индустриски зони од страна на градоначалникот и општината и од страна на Владата, создаден е предуслов за да доаѓаат нови компании и домашни и странски и да се отвораат нови работни места“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.