Груевски: Сакаат да ја сменат свеста на луѓето, да биде демоде сакањето на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четвртокот беше на средба со граѓаните во Општината Новаци. Тој кажа дека од народот зависи дали ќе се дозволи ќе се дозволи овој начин на работа на марионетската власт, кои направија заробена држава

Говореа дека нема избалансираност во медиумите, гледаме сега каква избалансираност има и каква слобода има на медиумите. Ги притиснаа сопствениците на медиумите, им ја одземаа слободата. Говореа дека нема демократија, дојдоа ја одземаа демократијата, изјави Груевски.

Тој има порача дека може да прават што сакат, дека може да имаат богати спонзори, но дека не може да ја купат душата на Македонецот.Тој и порача на актуелната власт дека не може да ги скрши, дека ВМРО не се исплашила пред многу посериозно проблеми од оваа власт. Тој најави дека секој ќе плати казна за она што го прави спротивно на волјата и на граѓаните.

-Сакаат да ја сменат свеста на луѓето, сакаат оние луѓе кои што си ја сакаат земјата, преку разни механизми да дејствуваат на нив во правец дека таквото нешто, да си ја сакаш државата, јазикот, нацијата името дека тоа е демоде, дека тоа не е нешто во мода, дека модерно е да се легализира марихуаната, да се легализираат хомосексуалните бракови, деца да посвојуваат тие. Сакаат да не натераат да мислиме дека ненормалното е нормално, а нормалното дека е ненормално. Епа нема да им дозволиме. Ни една марионетска власт не траела долго, изјави Груевски.

Тој кажа дека моменталната власт ќе се срами од ова време, дека нема да може да ги скршат.

-Заеднички ќе ја набркаме оваа марионетска власт од Македонија. Најпрво треба тоа да се стори тука во Новаци, да не им се дозволи тука да навлезе марионетска власт, а потоа ден по ден, чекор по чекор народот ќе ги осознае, народот нема долго да го трпи ова. Ќе дојде време кога овие ќе не знаат каде да бегаат од страв, тие што сега ни набиваат страв, изјави Груевски.

Груевски порача дека во недела на оние кои сакаат да им набијат страв, да им возвратат со вмровска пркос и да не им се плашат.

-ВМРО има што да каже во Новаци. Вие знаете дека ВМРО ги воведе субвенциите, оние кои се земјоделци добро паметат, ни субвенции ни бутур немаше. Субвенции во Македонија немаше , ВМРО ги воведе изјави Груевски.

Тој кажа дека инвестирани биле над 1 милијарда евра за земјоделците, поделено било бесплатно земјоделско земјиште, со што помогнале на земјоделците да бидат горди на својата работа, дека со помогнало за купување на земјоделска опрема.

-Овде во Новаци после победата, Лазе Котевски и сите градоначалници каде што ќе победи ВМРО, ќе обезбедат за сите дечиња од прво до петто одделение бесплатен здрав оброк, да имаат здрав оброк, здрава храна и да се растеретат родителите од плаќање на тој оброк, изјави Груевски.

Тој кажа дека ќе биде обезбедено земјиште за евро по метар квадратен за оние кои немаат свој дом, олеснувања најави и во комуналиите, а дека на оние кои што се социјално ранливи ќе нема комуналии. Исто така за сите социјално ранливи семејства ќе им се обезбеди отпис на долгови кон општинските претпријатија.

-Ветуваме изградба на водовод во село Мегленци и санација браните и водособирнице, во селата Гурмази, Долно Орехово, Арматуш и Живојно, изјави Груевски.

Тој најави дека ќе има изградба на повеќе места на фекална канализација, вети изградба на локални патишта, како и уште многу други проекти кои ги има во програмата.