Груевски: СДСМ ќе се соочи со влада која ќе работи како да изборите се утре

ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите искуси една таква ситуација (вонпарламентарно дејствување) и колку што знам тогашното раководство на партијата самото потоа говореше дека тоа било грешка. Но, СДСМ го нема поминато тоа на свој грб и верува дека тоа ќе им донесе победа, а веројатно наивно веруваат дека токму тоа на ВМРО-ДПМНЕ му донесе победа во 1998 година, вели премиеерот Никола Груевски во интервјуто на МИА, коментирајќија одлуката на СДСМ да не ги прифати пратеничките мандати.

Груевски потенцира дека победата на ВМРО во 1008 година резултирала во голема мерка од неработењето на СДСМ, немањето резултати во економијата, растечката невработеност, растечката корупција на СДСМ, криминалите со приватизацијата, со ТАТ и другите штедилници, шверцот во ембаргото против Милошевиќ, немањето ниту еден странски глобален ивеститор во земјата, бркањето на странските инвеститори како случајот со Ауди и редица други такви ситуации.

-Тој филм СДСМ во наредните 4 години нема да го гледа. На власт е многу различна гарнитура од онаа бранковата во 90 тите. Така што ако мислат дека со нивното отсуство од Парламентот јас ќе дозволам да се врати тоа време, силно се лажат. Напротив, ќе се соочат со влада која ќе работи со така силно темпо како да изборите се утре и како да во Парламентот имаме многу посилна опозиција од СДСМ, вели Груевски.

По 4 години, потенцира Груевски, верувам дека ќе имаме уште посилна поддршка од народот отколку на последните избори. Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде немилосрдна, жестоко ќе се бориме да најдеме решение за многу нерешени прашања и тоа ден порано, ќе работиме уште повеќе отколку до сега.

– Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ, изјави Груевски во интервјуто за МИА