![gruevski-profilna-640x427](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/gruevski-profilna-640x427.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Денес се остварува она што го ветивме. Добра вест за рударите од Пробиштип, Злетово, Крива Паланка и околните населени места, се потпиша договор за концесија за рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница, напиша лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски на неговиот профил на Фејсбук.
![Стаусот на Фејсбук на Никола Груевски за потпишувањето договор за концесија на Злетово и Тораница](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/Gruevski-fejsbuk-zletovo-toranica.jpg?resize=495%2C339)
Компанијата Минстрој во најкус можен рок, што и беше наша примарна задача ќе ги рестартира рудниците и ќе обезбеди работа за рударите. Оваа компанија која работи и во интернационални рамки понуди највисока сума на електронската лицитација од околу 2 милиони евра за двете концесии. Тие планираат инвестиција од 10 милиони евра и најважното сигурна работа на 1.000 рудари, односно егзистенција на 1000 семејства од овој крај на државата. Посветеноста се исплатува. Таа напорна работа ќе донесе сигурност и егзистенција на 1.000-те семејства. Продолжуваме понатаму да ги решаваме проблемите на граѓаните и да работиме за нивна корист, напиша Груевски.
Инаку лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски и претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев денес присутвуваа на потпишувањето договор за концесија на рудниците Злетово и Тораница.