![gruevski-6-640x480](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/gruevski-6-640x480.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Според најавите, Владата на Зоран Заев ќе ја промени даночната политика и наместо рамен ќе воведе прогресивен данок. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски смета дека оваа одлука е голема грешка, бидејќи Република Македонија досега добиваше честитки за рамниот и низок данок.
Груевски посочува дека ако Владата мисли оти со поголеми даноци ќе собере повеќе пари во државната каса прави огромна грешка.
„На тој начин освен што граѓаните ќе плаќаат големи даноци, ќе се намали и мотивацијата кај компаниите“, изјави Груевски.
Истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш штом ги намали даноците во државната каса собрала за 20 проценти повеќе пари.
Според него, доколку даноците се помали граѓаните можат да си дозволат да издвојат повеќе средства.
„Секое планирање за зголемување на даноците ќе го влоши стандардот на македонските граѓани’, истакна Груевски.