Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во рамки на денешното обраќање на големиот народен собир во Штип нагласи дека караванот народни собири започнал со реченицата „Што значи да се бориш за Македонија!“
Груевски нагласи дека пред две недели во Скопје биле најавени 6 нови фабрики кои ќе отворат околу 4500 нови работни места низ Македонија.Исто така најавени се и 3 нови фабрики на настанот минатиот викенд во Битола со околу 750 работни места.
– И тука ги вбројувам само оние кои за прв пат се најавуваат, а не и оние кои веќе се објавени и се подготвуваат за градба, или се градат, како што е на пример Техникал Текстаил овде во Штип, која ја најавивме и за некој месец ќе почне со работа и постепено ќе почне да ги вработува планираните најмалку 600 вработувања. И Вие знаете дека ние кога ќе ветиме, потоа нема калкулаации или бегање од ветеното, ветеното се реализира, често и многу побрзо од што очекувате. Знам дека малкумина студенти очекуваа на 15-ти март да ја објавам мерката за купување на таблети со тастатури за оние кои за прв пат запишале трета или четврта година, а нивните родители имаат пониски месечни примања од просечната плата во Македонија, малкумина од нив очекуваа дека по два дена законот ќе помине на владина седница, а по една недела и во парламентот, и сега веќе зпочна реализација со тоа што од завчера веќе студентите имаат рок да ги поднесат апликациите. Знам и тоа дека не многу луѓе веруваа дека ветеното зголемуваање на социјалните помошти пред две недели, со план за почеток од јуни годинава, наместо за предвидените 5 отсто, да биде за 10 отсто, нема толку брзо да се подготви и најде на владина седница веќе задутре во вторник, а веќе во среда во парламентот. И за можеби најважната мерка, оној пакет, палета на мерки за вработувањето, кое минатиот викенд го објавив во Битола, со кое за сите возрасни групи, но и посебно за ранливите категории граѓани се обезбедуваат специјални поволности за да потикнат нови вработувања, и на реализацијата на овој мега проект за отворање на нови работни места, во владата се работи турбо, и за кусо време ќе бидат завршени и пратени во парламентот, рече Груевски.
Тој потенцира дека овој мега проект ќе поттикне можеби 20.000 или 25.000 нови вработувања во Македонија во наредните година дена откако ќе стапи на сила.
-Доказ за тоа ни е што само еден мал сегмент од овој вид кој го практикуваме веќе 11 месеци, веќе вработи 7400 невработени млади до 29 години. Изненадувањето беше огромно и со позитивната бомба за вработување на волонтерите, договорците на дело, вработените на определено време и слични категории, кои со години го очекуваа тоа. Со специјален закон кој експресно брзо се донесе и се спроведува, а со кој на над 3000 луѓе им се обезбеди работно место во јавиот сектор. И јавниот сектор и граѓаните ќе бидат задоволни затоа што овие луѓе имаат искуство и се добро обучени да ја вршат својата работа. Пред неколку дена извршивме ново намалување на цените на 542 лекови. Намалените цени на лековите ќе важат од вторник следната недела, задутре. Со оваа системска реформа во здравството која во континуитет ја спроведуваме со досегашните 6 намалувања на цените на лековите опфативме околу 4000 илјади лекови, а остварената заштеда за пациентите е над 36 милиони евра кои наместо во џебовите на фармацевтските магнати, остануваат во џебот на граѓаните. Сега, само со ова најново седмо намлување на цените на лековите заштедата ќе е уште дополнителни 1,6 милиони евра. Во болниците набавивме толку многу нови апарати и опрема во здравството, што министерот за здравство Тодоров, неможе да постигне да ги испромовира сите, истакна премиерот.
Груевски во своето обраќање се осврна и на обесштетувањето на погодените во поплавите што годинава во јануари и февруари зафатија одредени региони на државата.
-Овој регион особено делот на Чешиново Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога се уште не беа завршени проценките, најавив дека обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, Владата ќе извши 100 отстотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката. Значи колку што проценителите ќе проценат и утврдат дека имало штета, толку ќе им биде исплатено обесштетување на луѓето. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.Така работи оваа влада, и затоа никој во овие 8 и пол години неуспеа да ја сруши или победи, па мора да се обиде со други методи, со креирани, сечени, лепени, монирани телефонски разговори, со кои треба да се убие вербата кај народот во оваа политичкаа гаарнитура, и земјата да се врати во времето на СДСМ, време ќе го паметиме по отпуштања на 200 илјади луѓе од работа, разграбување на државниот капитал вреден 5 милјарди евра преку приватизацијата, пирамидалните штедилници, шверцот итн, но не и време кое можеме никако да го паметиме по нови фабрики и работни места, инвестиции, градби, или пак зголмувања на пензии, социјални помошти или плати на јавниот сектор, заклучи премиерот.