![katica-janeva-sjo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/katica-janeva-sjo.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Прес-конференциите на Специјалното јавно обвинителство, нивните празни пријави кои ги доставуваа за истраги и слично до судовите, укажуваат дека ова обвинителство практично е узурпирано од една група на луѓе таму која е длабоко партиски мотивирана и која има единствена задача да ги оцрни луѓето кои се во ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да му помогне на СДСМ да дојде на власт.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Дневникот на Сител ТВ.
Тоа не беше идејата кога се договаравме за создавање на вакво обвинителство и тоа го сруши кредибилитетот на ова обвинителство. Луѓето таму го загубија кредибилитетот и веќе талкаат, прават чекори кои се неразбирливи, кои немаат правна основа, кои не се професионални, кои се партиски мотивирани и тоа е многу видливо, додаде Груевски.