Груевски: СЈО потпишало договор за консултански услуги за бранење на непрофесиоланите и партиски мотивирани активности

СЈО потпишале договор за консултантски услуги со повеќе луѓе, професори, адвокати, академици и слично, чија главна задача е да гостуваат секоја вечер во телевизиски емисии и да зборуваат против нас, а да ги бранат нив. Да пишуваат колумни во ист правец и да влијаат врз јавното мислење, притоа глумејќи независни стручњаци, вели Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

Значи, дење се советници, ако воопшто нешто работат како советници, а навечер секој од нив е гостин во емисија, независен експерт, угледен независен адвокат или професор или академик или слично. Со други зборови, буџетските пари на граѓаните ги користат да плаќаат луѓе кои политички и јавно низ медиумите треба да ги бранат нивните непрофесионални и партиски мотивирани активности. И тоа се случува во Mакедонија речиси секој ден. Народот ги слуша и веројатно поим нема колкави хонорари земаат за така да зборуваат против нас.

Погледнете деновиве каква битка водеа за да го заштитат сега веќе поранешниот шеф на „Aлфите“, за кој цела држава знае дека е партиски кадар на СДСМ. Значи, на моменти, не се ни обидуваат да се затскријат или да одглумат.

Вакво СЈО ниту договоривме ниту кој било нормален човек може да го поддржи.