Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски, го бодреа Вардар од трибините на градскиот стадион „Филип Втори“ на кој македонскиот шампион го совлада турскиот претставник Фехербахче со 2:0.
„И пак ние за Вардар, за МАКЕДОНИЈАЊ, напиша Тарчуловски на својот Фејсбук профил.
Македонскиот фудбалски првак Вардар го победи фаворизираниот турски Фенербахче со 2:0, во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Европа, одигран на националната арена „Филип Втори“.
Инаку, Груевски и од „Лахнес Арената“ во Келн го бодреше Вардар во полуфиналниот меч против Барселона во ракометната Лига на шампиони.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ често може да се забележи на фудбалски натпревари. Тој неодамна од трибините на градски стадион, заедно со семејството, го следеше и натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.