Благодарение на законските измени, намалените даноци, скратените бирократски процедури се зголеми бројот на странски инвеститори во земјава, рече вечерва премиерот Никола Груевски, во своето гостување во емисијата „Јади бурек“.
„Имавме создадено добри услови за водење бизнис, комплетно ги сменивме законите за работење на фирмите, намаливме даноци, намаливме бирократија, тука беше значајна и финансиската гилотина. Сето тоа значеше формирање на добра бизнис клима“, рече Груевски
Како показател за добрата бизнис клима и условите за водење бизнис се и одлуките на странските инвеститори да отвораат нови производни погони и да го шират своето производство во земјава.
Од голема помош, како што рече тој, се и странските промотори чија цел е привлекување инвеститори од целиот свет и презентација на можностите за инвестирање во земјава.