Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со својата сопруга Боркица, денеска присуствуваше на осветувањето на божјиот храм Св. Кирил и Методиј во Велес.
-Денес присуствував на осветувањето на божјиот храм Св. Кирил и Методиј во Велес. Прекрасна црква која претставува ремек дело на македонското градителство и сигурно големо духовно светилиште за велешани и сите верници од православна вероисповед, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.