Срдечен прием во убавото Могорче. Едно од главните барања на жителите беше реконструкција на патот кон ова населено место. И овој пат се заврши пред една година, могорчани добија квалитетно асфалтно поврзување, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше во посета на мавровско-реканскиот крај и регионот на Центар Жупа.
-Го посетив и Горно Косоврасти каде за жал можев само да констатирам дека општината Дебар не го исполни ветувањето за доизградба и поврзување на локалниот водовод, со што жителите ќе добијат квалитетна вода за пиење. При посетата во обид да се најде решение, жителите се самоорганизираа и со сопствени средства и донации ќе ја завршат работата која што општината повеќе пати ја одложува, додава Груевски.