Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на општина Кисела Вода денеска го посети населеното место Припор, каде оствари средба со граѓаните од ова населено место.
Се разговараше за нивните потреби и барања при што ја истакнаа неопходноста од продолжување на автобуската линија 24.
Беше договорено доколку има просторна можност за обраќање на автобусите низ таа траса тие ќе започнат со обраќање при што ќе се продолжи автобуската линија и ќе се излезе во пресрет на близу 1.000 граѓани.
Истовремено беше договорено да се воведат и ноќни автобуски линии во петок и сабота, што исто беше барање на граѓаните.
Во однос на прашањето поврзано со изградбата на фекалната канализација, жителите беа информирани дека деталниот урбанистички план за едниот потег ќе биде до Нова Година, а за вториот потег до јуни наредната година, при што општината ќе може да отпочне со реализација.
На средбата беше договорено почеток на реализација за овој проект да биде крајот на 2016 или почеток на 2017 година.