Груевски: Тешко на граѓаните ако СДСМ својата неспособноста ја преслика и на локално ниво

Тешко им е пишува на граѓаните доколкуи СДСМ ја преслика неспособноста, неработата и самоволието од централно на локално ниво, неработата и самоволието од централно на локално ниво, и тие ќе си кажат кој е фаворит на локалните избори, а Зоран Заев може да зборува што сака, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, реплицирајќи на изјавата на премиерот дека на локалните избори ќе победи СДСМ и реформите од централно ќе ги пренесе на локално ниво.

„Најсмешен ми е делот од изјавата дека резултатите од централно ќе ги пренесе на локално ниво. Не дај Боже за луѓето овој хаос што се случува изминативе без малку три месеца, ова незаконско работење, разрешување и назначување. Ние три месеца не знаеме што е сработено во државата. Овој хаос што го создадоа, овој измамнички однос кон луѓето, ова запирање на капитални проекти сакаат да го пренесат и на локално ниво. Се’ што почнале градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие ќе го запрат“, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека реформата која СДСМ ќе ја пренесе од централно на локално ниво е да запре отворањето на нови работни места.