Груевски: Tука сум за да се засолнам од политичкиот прогон (ВИДЕО)

Апсолутно имам намера еден ден да се вратам во Македонија. Тука сум за да се засолнам од политичкиот прогон откако увидов дека сите апсурди се надминати и дека властите имаат намера да одат до крај.

Јас во Македонија бев осуден за работи за кои во други земји членки на ЕУ, судски случаи воопшто не би ни биле покренати, изјави поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски во своето прво интервју по бегството и политичкиот азил кој го доби во Унгарија за ТВ Сител.

Тој рече дека ги разбира поранешните соработници Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски што се оградуваат од него на одреден начин, бидејќи биле под голем притисок од власта.

Во интервјуто за ТВ Сител Никола Груевски кажа и за отстранувањето на Сашо Мијалков од ВМРО ДПМНЕ, поради сомнеж за вршење на голем притисок на пратениците, но тој рече дека самиот не вршел никакви притисоци на никого.

-Нивното апсење по моето бегство е само доказ дека станува збор за политички прогон. Ни криви ни должи се уапсени. Имам информации дека и двајцата беа ставени на список за притвор за слуајот „Талир“. Па власта ја искористи можноста претходно да ги затвори на десетина дена. Не сум разочаран од нив, под тежок притисок, во тешка ситуација беа бидејќи на власта и се случи ситуација каде покажа дека по не знам кој пат дека се неспособни па удри по нив. Затоа не им се лутам и ги разбирам, рече Груевски.

„Не сум вршел никакво влијание врз пратеници, знаете како гласав и не можам да гласам едно, а друго да барам од други. Се збори дека Мијалков така постапил, но не видов докази, за сега нема ама се надевам дека ако има во иднина ќе се видат. Не се мешам во одлуките на партијата. Гордана даде една така реакција, но ги знам ставовите нејзини, сме работеле долго време заедно. Сум примал сугестии, тогаш сметале дека тие одлуки се најдобри, сега може мислат поинаку, но тоа е од што сметаат дека на тој начин ке се намали притисокот врз нив, тоа е мое мислење. Не сум лут ниту разочаран, рече Груевски“