Ова на денешната 25-та Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го истакна лидерот на партијата Никола Груевски.
-УМС не е само бројка, УМС не е само надеж, УМС не е само иднина или минато, УМС е сегашност, УМС е огромен кадровски потенцијал, УМС е таленти, УМС е машина која работи без прекин, УМС е колектив, но и индивидуалци, индивидуалци кои иако млади преземале одговорност, кои денес се министри во Владата, заменици министри, пратеници, директори на државни претпријатија, агенции, раководители на подрачни единици, сектори, одделенија, во различни државни институции…УМС е членови на ИК на партијата, УМС е членови на партиските комисии и тела,членови на ОК и МК, УМС се илјадници млади луѓе кои доаѓаат подготвени да помогнат не само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на Макеоднија, -и помагаат! Многу од нив работат и се борат рамо до рамо заедно со сениорите Македонија да се придвижи напред, да се решат што повеќе проблеми на народот, да се исполни што повеќе од ветеното, да се оправда довербата, да се надминат проекциите, посочи Груевски.