Денес УМС брои 51 илјада членови, како никогаш досега, и еве, оваа годишна конференција ја организираме во Спортскиот Центар Јане Сандански, за да можат да влезат барем 10-12 илјади колку што не има денес, рече премиерот Никола Груевски во воведниот дел од своето обраќање на 24-тата Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.
– 51 илјада членови е околу 30 осто од вкупниот број на членови на партијата кој достигна 170 илјади. Таа репутација и таа бројност не доаѓаат случајно.Тие дојдоа како резултат на многу работа, проекти, достигнувања, вклученост, придонес, помагање, мудри раководства, мудри одлуки и постојана активност. Сиот тој развој се движеше заедно со развојот на партијата. УМС е еден од неколкуте клучни столбови на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа денес не е празна реторика туку реалност. УМС низ годините стана и регрутен центар за нови способни, образовани кадри. Кадри со висок капацитет и професионалност. Многумина членови на УМС денес се на различни значајни функции, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека некои се членови на владата, некои се членови парламентот, други на значајни места во министерствта и државните институции, трети во извршниот комитет на партијата.
-УМС е сериозен фактор и во партијата и во државата. УМС е меѓународно активна и присутна секаде меѓу најзначјните подмладоци на најмоќните партии од Европа и светот. УМС учествува во реформите и напредокот на Македонија. Учествува во креирањето на партиските а преку нив и на државните политики. Тоа е денес УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа не се изгради одеднаш и преку ноќ. Тоа е заслуга на долготрајно работење и напредок на самите себе, рече Груевски и нагласи дека заслуга за ова има сегашното раководство предводено од Владимир Неловски, но и претходното предводено од Диме Спасов, и она пред него Предводено од Сашо Стефановски, и она од Александар Николовски, и сите пред нив, Игор Гиевски, Филип Петровски, Зоран Петрески, Роберт Љушев и Драган Димишков Попе. Го поздравувам ангажманот на сите досегашни раководства на УМС.
– Го охрабрувам сегашното раководство да продолжи по зацртаните патеки на работење, реализирање на зацртаните планови, и континуиран напредок во секоја смисла. УМС секогаш ја имало мојата подршка како претседател на партијата, и ќе ја има и во иднина. Заедно градиме успешна приказна за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека заедно победиле на 9 изборни циклуси досега, без ниту еден пораз помеѓу некој од нив.
-Заедно растевме, и УМС, и ВМРО-ДПМНЕ, и Македонија. Заедно напредувавме.Заедно тагувавме кога доаѓаа тешки моменти, заедно ги надминувавме проблемите и наоѓавме решенија, и заедно се радувавме на успесите, рече Груевски.