Претседателот на Владата, Никола Груевски, по повод христијанскиот празник Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и до сите православни верници во земјаваи дијаспората.
„Овој прекрасен ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата која отвора можности и дава шанса за напредок. Празнувајќи го Велигден, да си посакаме Божји благослов и поткрепа за секој еден верник, за секое наше семејство, за целото наше православие, за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за секој наш православен храм и за целата наша држава Република Македонија, се вели во честитката.