Вистината не може да е креирана и базирана на лаги, местенки и монтажи, сценарио кое за нарачателите има цел дестабилзиација, а за извшителите да се доберат до власт која народот на избори одбива да им ја даде веќе 9 години. Вистината, не е ако некој на сила сака да спроведе туѓа агенда и да сее зла крв, провокации, гнев насекаде. Тоа може да е само вистина за неговата личност и состојба на дух и ништо друго, и ништо повеќе. Вистината е во нашиот народ.
Ова се дел од пораките што претседателот на ВМРО –ДПМНЕ и премиер на РМ Никола Груевски ги упати пред илјадниците граѓани во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип во воведниот дел од своето обраќање, во кој говореше за вистината во македонската политика.
-Одиме на вакви собири, а во меѓувреме нашите партиски структури и истакнати личности ја крстосуваат Македонија, одат од врата на врата, од село во село, од град во град, одат со нашите аргументи, со нашите позиции, со нашите идеи и визии, со нашите дела, со нашата вистина, затоа што вистината не е монопол на еден залутан тип во политиката како што е тој од СДСМ, туку вистината се идеите, принципите, вредностите во кои веруваш и за кои се бориш. Вистината не може да е креирана и базирана на лаги, местенки и монтажи, сценарио кое за нарачателите има цел дестабилзиација, а за извшителите да се доберат до власт која народот на избори одбива да им ја даде веќе 9 години. Вистината, не е ако некој на сила сака да спроведе туѓа агенда и да сее зла крв, провокации, гнев насекаде. Тоа може да е само вистина за неговата личност и состојба на дух и ништо друго, и ништо повеќе. Вистината е во нашиот народ. Во сите вас, кои во огромен број доаѓате на нашите настани, кои од секаде ширум нашата татковина ни ја давате вашата поддршка и ни велите гласно и стамено: Народот е Македонија! И ова нема да им успее на оние кои го смислија, народот го има крајниот збор, а не група на залутани и очајни политичари во опозицијата, кои немаат ронка доблест во себе туку газат по сопствената земја и народ! Македонија е на народот и никој нема им ја одземе на сила, со никакви сценарија, рече Груевски.
Македонскиот премиер потенцира дека Македонија е силна, цврста, Македонија е многу повеќе од конструирани прес-конференции на една опозициска партија, Македонија е повеќе од партиите, повеќе од политичарите, Македонија е нејзиниот народ и никој не смее да си игра со тоа!