Груевски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат залетот на правење штета на Македонија

Премиерот Никола Груевски од големиот народен собир во Скопје потенцира дека пред 2 недели и покрај сценариото кое се одвиваше неколку месеци, Европската Комисија, ја објави пролетната прогноза дека Македонија оваа и следната година ќе има највисок економски раст во Европа.

Тоа значи и многу инвестиции и многу нови работни места, многу повисок извоз, туризам, подвлече тој.

-Кратко по ова во Македонија најопасната терористичка криминална група во југоисточна Европа се обиде да ја дестабилизира Македонија со искусни терористи. За неполни 30 часа македонските полициски сили целосно ја неутрализираа групата и покажаа невидена храброст, пожртвуваност, одлучност и херојство во сложената полициска операција и додека тие се бореа ставајќи го својот жив на ризик, опозицијата се подбиваше дека полицијата си играла камај, дека се било договорено и организирано. За Албанците контролираните медиуми работеа на потпалување, дека се убиени цивили и дека е убиено девојче и што уште не, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде дека лагите излегоа на површина-нема цивилни жртви, а штетите ќе ги покрие државата.

-Не им успеа да не втурнат во конфликт! ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најде начин да го запре овој залет на правење штета на Македонија, истакна Груевски.