Две и пол децении, ВМРО-ДПМНЕ се потпира само на народот и се труди колку може повеќе да му биде сервилен и да ги исполни ветувањата кон него и неговите потреби и барања, а СДСМ се потпира на спонзорите однадвор и се сервилни кон нив, а не кон народот. Ова меѓу другото го нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во мегаинтервјуто за порталот Телеграф.мк, во кое говори за актуелните политички теми и збиднувања во земјата.
Ние имаме две опозиции. Една официјална, СДСМ со неколку сателит или човек-партии со нив и уште една, би ја нарекол платена опозиција, иако индиректно и оваа првата користи од средствата на втората. Веројатно некој проценил дека, кога СДСМ е во опозиција не може со сопствени сили да се избори кај граѓаните за освојување на довербата и затоа вложува големи пари да им помага. И така е, еве повеќе од две децении.
Сите НВО, кои се финансирани од Сорос, кога е на власт ВМРО, работат, се борат повремено и протестираат против нас, а кога е на власт СДСМ, главно работат проекти што се поддржани од СДСМ. Значи, некој однадвор секогаш низ овие две и пол децении плаќа да му се помогне на СДСМ. Прво, затоа што со таков избор на кадри во раководството неспособни се самите да дојдат на власт или да се одржат на власт и второ, затоа што некој сака да се тие на власт, заради некој негов интерес. Никој не дава толку пари без да има некој интерес од тоа, вели тој.
Груевски тука потсетува дека, ова не се случува само во Македонија, туку во повеќе земји, особено од Источна Европа и од Балканот.
И така две и пол децении, ВМРО-ДПМНЕ се потпира само на народот и се труди колку може повеќе да му биде сервилен и да ги исполни ветувањата кон него и неговите потреби и барања, а СДСМ се потпира на спонзорите однадвор и се сервилни кон нив, а не кон народот.
Народот за нив е само инструмент што треба да се искористи да се дојде на власт и што подолго да се остане. Додека се на власт клучно е да го задоволат неформалниот сојузник, а за народот ќе фрлат по некоја коска.
Притоа, секогаш имаат дозвола за прогон кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ заради забавување на враќањето на довербата кон ВМРО-ДПМНЕ од страна на гласачкото тело. Оние што непристрасно ги следат работите знаат дека секогаш во време на СДСМ имаме помалку демократија и слобода, ама тогаш тоа не е тема. Демократија и слобода е тема само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Тоа е тоа, вели тој.