Груевски: Во 2016та година ќе почне градбата на нови 5 експресни патишта, и 6 регионални

 

Во своето новогодишно излагање премиерот Никола Груевски истакна дека наредата година ќе почне изградбата на пет експресни патишта и шест регионални патишта.

Tече градбата согласно планот на трите автопата во Македонија. Речиси готова е и реконструкцијата на автопатот Велес Катланово,а во 2016та ќе се реконструира автопатскиот дел Смоквица Гевгелија и  Куманово Скопје. Во 2015та започнавме со реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта во долина од 170 километри. Во 2016та започнува градба на неколку експресни патишта со 4 ленти за кои веќе се обезбеди и потпиша финансиска конструкција. Тоа се Штип Кочани, Штип Радовиш,Ранковце Крива Паланка,Охрид Пештани и Градско Прилеп, плус ќе започнеме и реконструкција на други 6 регионални патишта. Се гради и пругата кон Бугарија, и од Битола кон Грција,а се прави проект за пруга од Кичево кон Албанија. Се одвива проект за реконструкција на железничките станици,а набавивме и нови  6 патнички композции и нови товарни вагони.  Ова се милионски проекти кои се инвестираат во македонската економија. Проекти, проекти и проекти, тоа е нашата работа!, истакна премиерот.