Јас сум слушнал други луѓе да викаат тој ќе биде премиер, но човек сам за себе да вика, таков феномен досега не сум слушнал, рече Груевски од говорницата во Кавадарци.
Тој доаде дека на тој начин раководтсвото на СДСМ го потценува народот.
„Тоа е потценување на народот, да избегате од листата и да дојдете да му кажете на народот јас ќе бидам премиер, тоа е мајтап играње со народот, затоа губат на секои избори повеќе. Тој избега од листите и од народот. Недај боже да е на клучна функција и да се соочи со поголем предизвик како премиер кога ќе ја спрашти како метак да бега со богатството од тендерите од Струмица, прашината од брзото бегање само ќе остане зад него, тоа ќе биде Зоран Заев“, рече Груевски.
Ако се оцени како психолошки профил викањето на Заев, како што нагласи Груевски, одговорот е дека во тој човек што толку многу вика и се сили лежи едно малечко исплашено човече, сетгнато во грч, ама викањето му е за да го сокрие тој страв во тоа малечкото човече во него исплашено. Тоа е чиста психологија, тој што толку многу вика, се заканува и се сили, во него има едно така стегнато и згужвано мало човече, преплаѓено од страв, се тресе, Тоа е Зоран Заев, посочи Груевски прес кавадарчани.
Според Груевски, доколку Заев вика и се дере, мили дека неговиот страв нема да биде забележан.