Дел од денешната агенда на премиерот Никола Груевски беше и средбата со жителите на селата Љубин и Шишево.
Тој ги слушна нивните проблеми и барања и веднаш се обиде да најде решение за истите.
Уште на терен беа договорени повеќе конкретни работи. Беше посочен проблемот со катастарското упишување на денационализирани парцели за што веднаш беше договорено директорот на Катастар со стручна екипа уште утре да ги посети мештаните и да најдат решенија за проблемите.