Груевски во посета на Општина Дебрца, средби и разговори со граѓаните

Одењето на терен и слушањето од директни разговори со граѓаните е нешто што е незаменливо, разговаравме за актуелната состојба, потребата од нови инвстиции, како и за она што најмногу им е потребно, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во неделата продолжи со теренските посети на населени места низ целата Македонија, каде се запознава со проблемите и потребите кои ги имаат граѓаните.

„Одењето на терен и слушањето од директни разговори со граѓаните е нешто што е незаменливо, во однос на други форми на комуникација. Јасно е дека не може секаде да се стигне, буквално и секогаш, но колку што е можно повеќе да се биде присутен на терен, овозможува потоа за секој политичар кој што има одредено влијание да подобри некои нешта, овозможува да донесе поправилни и поисправни одлуки“, изјави Груевски.

Кажа дека во Ботун имал можност да го види привршувањето на реконструкцијата на училиштето, кое се реконструира после 21 година, што според Груевски е одлична работа, бидејќи тоа било во руинирана состојба.

„Во Белчишта имав можност да го видам реновираниот стадион, кој што е значаен за граѓаните таму, изградена е и соблекувална, ограда и се друго што недостасувало. Во Злести се работи на реконструкција на домот на културата и за други работи, улици и патишта што се изградени се разговараше, но се разговараше и за проекти кои треба да се изградат, или требало но еве не се стигнало за нив, така што беше убаво да слушнам од луѓето на терен, да ги слушнам нивните приоритети и тоа е една од позначајните работи за секој политичар, да биде во директна комуникација со народот“, рече Груевски

Денеска тој беше во посета на четири населени места во Општина Дебрца.

 

„Ги посетив граѓаните на Волино и Злести, општина Дебарца. Разговаравме за актуелната состојба, потребата од нови инвстиции, како и за она што највеќе им е потребно. Срдечен прием и добар разговор“, напиша Груевски на Фејсбук.

Лидерот на ВМРО-ДПМЕ претходно во неделата го посети селото Ботун во охридскиот регион, каде што, исто така, се сретна и разговараше со локалното население.

Во Ботун се реконструира училиштето, а реновирано е големото фудбалско игралиште во Белчишта, инвестиции кои вредат околу 4 милиони денари.

„Посетата на овие населени места e одлична можност за разговор со жителите, за проблемите со кои се соочуваат и за нивните потреби“, порача Груевски преку социјалните мрежи.