![gruevski-izjava-przino](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/gruevski-izjava-przino.jpg?resize=640%2C411&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе оствари посета на Општина Илинден.
Како што најавуваат од владејачката партија, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ ќе присуствува на пуштање во употреба на фекална канализација со пречистителна станица во населеното место Илинден, а се планира да оствари посета на Локалната економска зона “Марино-Кадино”.
Груевски исто така ќе присуствува на пуштање во употреба на нова Амбуланта и ќе оствари средба со жителите на с. Миладиновци и ќе присуствува на пуштање во употреба на пешачко излетничка патека со повеќенаменско спортско игралиште и детски реквизити и ќе оствари средба со жителите на село Ајватовци.
Планирано е Груевски да оствари посета на новата населба „Јака“.