
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека денеска лидерот на партијата, Никола Груевски ќе оствари работна посета на Општина Охрид.
– во 12:30 ќе присуствува на промовирање на три фасади на објекти од старата градска архитектура (во близина на куќата на Уранија, во центарот на градот);
– во 13:00 ќе оствари посета на Св.Климентовиот Универзитет – Плаошник;
– во 13:40 ќе изврши увид во активности при изградба на единечен и двоен тениски терен и повеќенаменско игралиште во СЦ “Билјанини извори”;
– во 14:00 ќе изврши увид во активности при изградба на пешачка патека од канал Студенчишта до х.Парк;
– во 14:20 ќе оствари средба со жителите на с.Коњско.