„Нашата најважна цел во изминатиот период беше намалување на невработеноста и отворање на нови работни места! Во 2006 година во Валандово бројот на вработени лица изнесуваше 1832, во време кога влеговме во Владата, а денес има над 3382. Или од 1.800 на речиси 3.400 вработени лица, со што бројот на вработени лица е зголемен за повеќе од 84 проценти. Ги реконструиравме регионалните патни правци Давидово-Раброво и Струмица– Костурино со вкупна должина од над 30 км и инвестициска вредност од над 170 милиони денари. Исто така, извршивме реконструкција на регионалниот патен правец Валандовско брдо во должина од 3.8 км и вредност од 25 милиони денари, изјави Груевски.
„Вложувајќи во младите и нивниот образовен процес, во средното училиште Гоце Делчев во Валандово извршивме целосна реконструкција. Во подрачното училиште Гоце Делчев во Пирава се направи нова термо фасада. Комплетно е рекоструирано основното училиште во Дедели. Реконструкција е направена и во подрачните училишта во Брајковци, Јосифово, Чалакли. За најмладите отворивме нова дестка градинка во Удово. Ја изградивме спортската сала Филип Втори Македонски и салата во средното училиште ”Гоце Делчев” во Валандово. Изградивме повеќенаменско игралиште во подрачното училиште во Чалакли, како и фудбалско и тениско игралиште во Валандово“, рече Груевски.
„ Извршивме реконструкција на Здравствениот Дом во Валандово. Направивме целосна реконструкција на објектот на Домот на културата „25 Мај“. Целосно е реконструиран културниот дом во Балинци. Изграден е и пензионерски дом во Пирава“, додаде Груевски.
„Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе продолжиме со развивањето и уредувањето на Развојната зона за откупно дистрибутивни центри во Јосифово. До индустриската зона Раброво планираме отворање Кванташки пазар за продажба на земјоделски производи. Ќе се асфалтира неасфалтираниот дел од улица „Крушевска“. Ќе се асфалтира патот кој ги поврзува двете населени места Горна Мала и Јосифиово во должина од 1,5 километри. Ќе се изгради патот во село Калково и канализациска мрежа во должина од 2 километри.Планирано е асфалтирање на улици во селата Калково, Удово, Марвинци, Грчиште, Дедели, Раброво, Чалакли“, изјави Груевски.
„Предвидуваме изградба на спортска сала во училиштето Страшо Пинџур во Јосифово. Ќе го реконструираме игралиштето за голем фудбал во село Пирава, со изградба на трибини и комплетна реконструкција на соблекувалните. Во Валандово за љубителите на кошарката ќе се изградат 2 единечни кошаркарски игралишта. Ќе изградиме повеќенаменски игралишта за младите во Удово и Калково. Се планира отварање на детска градинка во Балинци. Ќе се изврши промена на кровот на Детската градинка Калинка во Валандово. Ќе го прошириме капацитетот на детската градинка во село Пирава за уште 20 деца. Ќе изградиме детско игралиште во Валандово на кое ќе поставиме реквизити и ќе го адаптираме за деца до 4-годишна возраст“, прецизираше Груевски.
„Планираме поставување на мерни станици на реката Вардар и Анска Река преку кои ќе се мери водостојот на реките. Со ова во секој момент ќе го знаеме нивото на водата и ќе имаме можност побрзо да реагираме при опасност од поплавување и излевање на реките во населените места кои се наоѓаат по нивното течение“, рече Груевски
„Човек од Вландово кој направи многу за оваа општина, со многу љубов и ентузијазам, со голема жар досега, така и ќе продолжи да работи. Заедно со носителот на советничката листа Митко Занов, дипломиран шумарски инженер фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца, се добитничката комбинација која ќе направи многу за Валандово“, рече Груевски.
„Бидејќи луѓето од Македонија не само што ќе ги изберат своите градоначалници.Македонија исто така ќе одлучи за насока која треба да значи светла иднина. Ги повикувам сите граѓани од Валандово, одете на избирачките места и гласајте, гласајте за својата иднина, гласајте за вашата држава, за вашата општина“, изјави Груевски.
„Тоа ‘едно“ гласање, тој еден глас е клучен. Невработеноста ќе се намали со тоа ‘едно’ гласање. Вашите деца ќе добијат подобро образование со тоа едно гласање. Нашите градови ќе се развијат со тоа едно гласање. Токму со вашиот глас. Иднината на Македонија, иднината на нашите деца ќе се реши со тоа едно гласање, на секој од вас поединечно. Затоа, бидете сигурни дека треба да гласате. Одете на гласање со вашето семејство. Оди на гласање како да одите на прослава, со радост и гордост. Затоа што сите ние ќе се разбудиме во посветло утро на 16 октомври. 15 октомври ќе биде ден на победата на Македонија“, посочи Груевски
„Ќе бидеме посилни и ќе победиме заедно“, порача Груевски.