-Политичката криза во која опозицијата ја втурна државата нема да не’ поколеба да се откажеме од борбата за подобар живот на граѓаните. И во вакви исклучителни околности кои се важни за опстојувањето и иднината на државата, ние држиме до зборот и се трудиме да обезбедиме стимулирање на економијата и отворање на нови работни места, напиша Груевски.
Откако минатата недела се промовираше новата германска инвестиција во Желино, тетовско, денес официјално почнува со работа и уште една компанија, овој пат од медицинската индустрија, која доаѓа од САД, а инвестира во Скопје.
Вработувања и прогрес, наместо криза и деструкција. Нова инвестиција од САД, NYSK Holding, за нови 200 вработувања
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) April 11, 2017
Компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како “NYSK Holding”, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 вработени што значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 m2 кој го адаптираа за своите бизнис цели. Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа. Значи ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети. Првичните контакти со сопствениците на NYSK Holding се направени пред 4 години, за време на една бизнис промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД. Комуникацијата продолжи и еве сега следува реализација на оваа инвестиција, напиша Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема да се откажат од нивната борба за секое отворено работно место.
Продолжуваме со ветеното и покрај сите опструкции, напади и наметнати кризи со кои се сака да се закочи државата и да се втурне во уште поголема криза. Македонија мора да се врати на патеките на прогресот, мудро и одлучно да продолжи напред. Тоа го сакаат граѓаните и ние за тоа се бориме, напиша Груевски.